Римската полиција интервенираше за да запре 80-годишен маж кој се движел со автомобил по Шпанските скали, едно од најпознатите обележја во италијанската престолнина.
Човекот се спуштил по голем дел од монументалното скалиште пред да биде запрен, јавува Анса.
Тој не e повреден, а алкотестерот што му го направиле полицајците по инцидентот бил негативен.
Италијанската агенција наведува дека пожарникарите користеле кран за да го отстранат возилото, пренесува Танјуг.