Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на учениците во средното училиште „Илинден“ им додели 80 смарт таблети.
-Оваа активност е дел од заложбите на локалната самоуправа за модернизација на образованието и зајакнување на дигиталните капацитети на учениците. Со користење на таблетите, учениците ќе имаат можност за полесен пристап до едукативни апликации, дигитални учебници и дополнителни наставни содржини и помагала, со што наставниот процес ќе стане поинтерактивен, поефикасен и прилагоден на современите трендови – соопштија од Општина Илинден.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека развојот на дигиталните вештини кај младите е од клучно значење во услови на забрзана дигитализација, потенцирајќи дека Општината има јасна визија за модерно и квалитетно образование.












