Првиот број на „Нова Македонија“, отпечатен на денешен ден, 29 октомври, во 1944 година, во скромни услови во селото Горно Врановци, во слободна Македонија, по Втората светска војна, останува траен симбол на почетоците на македонското новинарство и на борбата за вистината и слободната мисла.
Драги колеги, свесни за тежината и за одговорноста што заеднички ја носиме секојдневно, борејќи се со предизвиците пред кои се исправени традиционалните медиуми, ви го честитаме роденденот и ви посакуваме да ја продолжите традицијата што ја поставивте –традиција на одговорно, чесно и храбро новинарство.
Нека „Нова Македонија“ и понатаму остане светилник на слободната мисла, а вашиот труд – инспирација за сите генерации новинари што доаѓаат.
Уште многу години успешна работа, професионални успеси и новинарство во служба на вистината и граѓаните!
Со почит, вашите колеги од весникот ВЕЧЕР












