Осум медали за македонските ученици на Јуниорската балканска математичка олимпијада

21

Два сребрени и шест бронзени медали на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која се одржа од во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, освоија македонските, соопштија од Природно-математичкиот факултет. Македонија имаше два тима, па првиот успеа да освои два сребрени и три бронзени медали, додека вториот успеа да се закити со три бронзени медали.

Сребрени медали освоија Дијар Адеми и Владимир Грчев, а бронзени: Ана Митевска, Валентино Атанасоски, Никола Зорески, Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска.

Лидери на двата тима беа Петар Филиповски и Христина Митреска, а подготовките беа реализирани од страна на Петар Филиповски, Христина Митреска, м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски.

-Гледано според бројот и вредноста на освоените медали, првиот тим го постигна еден од најуспешните резултати во последните 20 години – истакнуваат од ПМФ.

И министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку социјалните мрежи сподели убави вести за успехот на учениците.

-Два сребрени и шест бронзени медали за македонските ученици на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга од 25 до 29 јуни. Браво деца, гордост сте – порача министерката во својата објава.

Фото: ПМФ

ИЗДВОЕНИ