Британската полиција уапси осум мажи во понеделник, од кои седум под сомнение за нанесување тешки телесни повреди, по судирите меѓу проиранските и антииранските демонстранти во близина на иранската амбасада во Лондон, објави Ројтерс.
Во соопштението од градската полиција се вели дека еден маж е приведен откако бил уапсен под сомнение за прекршување на условите за привремена забрана за протестни собири во областа.
„Седум други мажи остануваат во полициски притвор откако беа уапсени под сомнение за нанесување тешки телесни повреди“, се вели во соопштението.