недела, март 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Осудениот Ремзи Мифтари се бара со потерница

Осудениот Ремзи Мифтари се бара со потерница

1608

Осамна сликата на осудениот Ремзи Мифтари на сајтот на МВР во делот на се бара со потерница. Во друштво со другите бегалци од лицето на правдата, осудениот управител на Дурмо турс за автобуската несреќа кај Ласкарци се бара во државава. Мифтари го нема од минатата недела кога требаше да се појави во затворот Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна за несреќата во која загинаа 16 патници а 30-на беа повредени. Претходно тој и сопственикот на Дурмо турс ја одложуваа казната со оправдување дека имале операција. Викендов МВР ги информираше граничните полицајци, но такво лице дотогаш не поминало граница.

Screenshot

ИЗДВОЕНИ