Прекин на електрична енергија денеска погоди неколку региони на туристичкиот остров Бали во Индонезија, а во тек се напорите за обновување на снабдувањето со електрична енергија, соопшти државната електроенергетска компанија Perusahaan Listrik Negara (PLN).
Аеродромот на островот исто така беше погоден, но влезните и појдовните летови продолжија да работат, објави аеродромскиот оператор на својот профил на Инстаграм, пренесе Ројтерс.
ПЛН соопшти дека ја истражува причината за прекинот на електричната енергија и работи на враќање на струјата.