Се претпоставува дека во иднина ќе има значително поголем број лица со остеопороза бидејќи популацијата со стари лица се зголемува поради продолжување на векот на живеење, а исхраната и стилот на живеење е сè повеќе во прилог на развивање на болеста

Остеопорозата е многу честа болест на коските, а една од пет жени преку 50 години, според истражувањата, го имаат овој проблем. Таа доведува до слаби и кршливи коски, така што со едно обично паѓање или слаб стрес како што е наведнување, седнување, кашлање, кивање или завртување може да доведе до кршење на коска.

Според Светската здравствена организација (СЗО) дефиницијата за остеопороза гласи: намалување на густината на коскената маса на единица волумен за – 2,5 стaндардни отстапувања под здрава нормална коска на 30-годишна возраст, со што доаѓа до нарушување на архитектониката на коската и склоност кон фрактури.

Коската е живо ткиво – жив орган кој постојано се менува, се гради и се разградува. Остеопороза се појавува кога создавањето на нова коска се намалува, а разградувањето на старата коска се зголемува.

Остеопорозата ги зафаќа жените и мажите од сите раси.

Остеопорозата претставува голем глобален здравствен проблем во светот. Од остеопороза боледуваат милиони луѓе. Само во САД – 30 милиони, а уште 20 милиони се кандидати за остеопороза. Затоа се вика тивка епидемија на денешницата. Во САД, годишно се случуваат околу 2 милиона остеопоротични скршеници, и тоа 800 илјади на пршлени 400 илјади на колк, 300 илјади на рачен зглоб и 500 илјади на другите коски. Како илустрација, во САД за хронични срцеви заболувања трошат 8 милијарди долари, за астма 10 милијарди, а за остеопороза 18 милијарди долари.

Се претпоставува дека во иднина ќе има значително поголем број лица со остеопороза бидејќи популацијата со стари лица се зголемува поради продолжување на векот на живеење, а исхраната и стилот на живеење е сè повеќе во прилог на развивање на остеопороза.

Здрава исхрана и вежби со тежина

Пациентите со тешка форма на остеопороза и компликации се неподвижни, со неиздржливи болки. На овие болни секогаш им е потребна туѓа нега и помош. Доколку не се почне со навремено лекување, имаат лоша прогноза.

Скршениците кои се должат на остеопороза настануваат во предел на колкот, пршлените и рачниот зглоб, но секоја коска може да биде скршена.

Белата раса и азиските жени, особено постари жени кои се во менопауза, се во поголем ризик.

Лекови за остеопороза, здрава исхрана и вежби со тежина може да помогнат да се превенира коскената загуба или да се зацврстат веќе ослабените коски.

(Авторот е специјалист по здравствен фитнес,

Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗДРАВЈЕ)

ИЗДВОЕНИ