Американскиот тешкаш Џарел Милер победи во борба, но ја загуби својата перика на средина од мечот во една од најбизарните сцени видени некогаш во рингот. Инцидентот се случи во саботата, во Њујорк, во текот на воведната програма пред борбата помеѓу Теофим Лопез и Шакур Стивенсон. Во третата рунда од борбата против Кингсли Ибех, Милер претрпи неколку удари во главата, по што неговата перика почна да се одлепува, откривајќи целосно ќелава глава под неа. Тој не дозволи тоа да му го наруши мечот, па на крајот од рундата едноставно ја искина периката и ја фрли во публиката. Инаку, тој славеше со судиска одлука.

Видеото можете да го погледнете тука.

Неговиот рекорд помеѓу победи и порази се подобри на 27:1:2 со оваа победа, негова прва победа од март 2023 година. Во последните две борби, тој загуби од Даниел Дубоа со технички нокаут во десеттата рунда, а со Енди Руиз Јуниор одигра натпревар што заврши без победник.

ИЗДВОЕНИ