среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во...

Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД/ВИДЕО

23
screenshot

Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.

Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.

Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.

„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

ИЗДВОЕНИ