Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.
Пред два дена сега осудениот Зејнелов на претходно рочиште ја призна вината за убиството на неговата партнерка Пешева.
Адвокатите на семејството Пешеви и обвинителството побараа доживотна казна затвор за сторителот.
Според обвинението, осудениот се товари дека откога се договориле и се сретнале со жртвата пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.
ИЗДВОЕНИ

Маестро Симон Трпчески прослави 25 години плодна кариера со топла, заводлива и неодолива новогодишна латино-музичка идила/ФОТОГАЛЕРИЈА

Скопје под сива завеса: Mаглата го гуши градот, воздухот станува непријател

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром – некои летови се реализираат со задоцнување, некои се целосно откажани

Скопје исчезна, маглата го проголта градот, ама не и загадениот воздух/ФОТО








