Само неколку недели подоцна од освоеното прво место на Државниот натпревар по информатика, ученикот од ООУ,,Братство”, Владимир Грчев кој е деветто одделение, освои 100 поени на Државниот натпревар по математика за основни училишта, од четврто до деветто одделение.
Тој е меѓу четворицата најдобри математичари од вкупно 59 пријавени ученици. Натпреварот се одржа минатиот викенд во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ). Неговата посветена работа и трудољубивост, го доведе до врвот на најдобрите математичари на ниво на целата држава.
Почнувајќи со информатички и математички натпреварувања уште од мал, тој е освојувач на медали и дипломи/пофалници на училишни, регионални и државни натпреварувања. Неговиот ментор, Петре Крстевски, кој е предметен наставник по математика во ООУ,,Братство”, му беше целосна поддршка на Владимир изминатиот викенд.
По целосната селекција од четирите стотки, најдобрите математичари ќе ја добијат шансата како заслужна награда, да учествуваат на математичката Олимпијада, која ќе се одржи кон крајот на мај.