Основачот на Телеграм: Француските разузнавачки служби бараа да цензурирам молдавски профили

11
screenshot TechCrunch

Основачот на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, денес ги обвини француските разузнавачки служби дека преку посредник побарале од него да цензурира одредени молдавски профили на мрежата пред минатогодишните претседателски избори во замена за помош во неговиот правен случај во Франција.

Тој денес изјави дека додека бил притворен во Париз, француските разузнавачки служби, преку посредник, чие име не го откри, го замолиле да „цензурира“ одредени канали на Телеграм за потребите на молдавската влада.

Дуров денес напиша на Телеграм дека француските разузнавачки служби му доставиле втор список на таканаречени „проблематични“ молдавски канали.

„За разлика од порано, речиси сите овие канали беа легитимни и целосно во согласност со нашите правила“, рече Дуров.

Тој додаде дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што изразуваат политички ставови што не им се допаѓаат на француската и молдавската влада.

Дуров рече дека неколку канали биле отстранети и дека посредникот му рекол дека, во замена, француските разузнавачки служби ќе кажат убави работи за него на судијата кој наредил негово апсење.

„Ова беше неприфатливо на многу нивоа. Ако агенцијата навистина се обратила до судијата, тоа бил обид за мешање во судскиот процес“, рече тој, а пренесе Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ