Основачот на платформата „Телеграм“, Павел Дуров, е ослободен од обврската да се пријавува во полициската станица во Ница

49

Oсновачот  на платформата „Телеграм“, Павел Дуров, кој беше обвинет за низа кривични дела од организиран криминал, ја доби обврската за пријавување во полициската станица во Ница, потврди денес извор од француското судство, пренесува „Танјуг“.

Дуров (41) го доби првото олеснување на судската контрола кон средината на јуни, што му овозможи да ја напушти Франција и да оди во Дубаи, каде што се насели откако ги информираше истражните судии, но сепак мораше да се враќа во Франција на секои 14 дена, објавува „Фигаро“.

Судски извор потврди дека во текот на изминатата година, Павел Дуров „целосно го почитувал својот судски надзор“.

Дуров, кој е роден во Русија и стана француски државјанин во 2021 година, беше уапсен откако се симна од авион на аеродромот Ле Бурже во Париз кон крајот на август 2024 година, под обвинение за низа кривични дела од организиран криминал, вклучително и обвинувања дека не презел мерки против ширењето на криминална содржина на неговата апликација за пораки.

За време на испрашувањето во декември 2024 година, Дуров призна дека „додека бил во полициски притвор, станал свесен за сериозноста на обвинувањата“ против неговата платформа, наведувајќи дека тој и неговиот брат не ја создале „Телеграм“ во 2013 година „за криминалци“, но призна дека нивното присуство на платформата се зголемило „само во мала мера“.

ИЗДВОЕНИ