По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Општина Велес и годинава организира базар на ракотворби и цвеќе, кој ќе се одржи од 5 до 8 март.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица да поднесат барање за тезга во Граѓанскиот сервис-центар, да наведат со што ќе учествуваат на базарот и задолжително да остават телефон за контакт. Заедно со барањето, правните лица треба да достават копија од тековната состојба, а физичките лица – копија од лична карта.
Тезгите ќе бидат поставени на тротоарот на улицата „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај „Панини“ надолу.
Рокот за поднесување барање за учество на базарот е до 13 февруари.
За да се избегне сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе бидат задолжени за почитување на точно утврдениот термин за доставување и собирање на производите.












