Израелските власти ги информираа семејствата на заложниците дека очекуваат ослободувањето на заложниците да започне помеѓу 4 и 6 часот наутро утре, но дека времето сепак може да се промени, дознава „Тајмс оф Израел“.
Израел ќе биде известен од Црвениот крст два часа пред ослободувањето на заложниците.
Шош Бедросијан, портпаролка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претходно изјави дека ослободувањето на заложниците што ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа ќе започне рано утре наутро.
Таа рече дека се очекува сите 20 живи заложници да бидат ослободени заедно, во исто време, објави „Ен-би-си“.
Бедросијан, исто така, рече дека Израел очекува „Хамас“ да ги предаде сите 20 преживеани заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст рано наутро во понеделник, во согласност со условите од договорот за прекин на огнот со „Хамас“.
Заложниците ќе бидат евакуирани од Газа и повторно обединети со нивните семејства пред да бидат префрлени во една од трите болници кои се подготвени да ги примат на лекување, рече Бедросијан.
Таа додаде дека Израел е подготвен и да ги прими телата на 28-те починати заложници, пренесе „Танјуг“.