недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ослободени шест мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани, уапсени се...

Ослободени шест мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани, уапсени се седум лица

55

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.

Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ