петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Ослободени се уште 175 украински воени заробеници, објави Зеленски

Ослободени се уште 175 украински воени заробеници, објави Зеленски

44
EPA/CHEMA MOYA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека 175 украински војници и цивили се ослободени од руски притвор и се враќаат дома.

„Нашите луѓе се враќаат дома. 175 воени лица. Војници на вооружените сили, членови на Националната гарда, граничари. Војници, наредници и офицери. И седум цивили“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Во објавата се наведува дека војниците биле распоредени во Мариупол, во близина на нуклеарната централа Чернобил, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и Курск.

Зеленски тврди дека Украинците се заробени од 2022 година и дека повеќето од нив се ранети.

„Им се заблагодарувам на секоја единица што го надополнува нашиот фонд за размена и со тоа го приближува враќањето на нашите луѓе. Враќањето на сите од руско заробеништво е прашање на принцип за нас. Им се заблагодарувам на сите во светот што ни помагаат во ова“, завршува објавата, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ