петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Oслободена американската новинарка која беше киднапирана среде бел ден во Багдад/ВИДЕО

Oслободена американската новинарка која беше киднапирана среде бел ден во Багдад/ВИДЕО

162
Foto: Printscreen/YouTube

Киднапираната американска новинарка Шели Китлсон, која беше киднапирана минатата недела на средина од улица во Багдад, денес е ослободена, објавува „Гардијан“, повикувајќи се на „Асошиејтед Прес“. Висок ирачки функционер изјави за „АП“ ексклузивно под услов да остане анонимен.

Таа беше киднапирана на 31 март среде бел ден на средина од улица во Багдад, главниот град на Ирак. Беше одлучено дека таа ќе биде ослободена денес под услов веднаш да ја напушти земјата.

Милитантната организација Хезболах, поддржана од Иран, одлучи да ја ослободи новинарката. Тие по тој повод издадоа соопштение во кое наведуваат дека одлучиле да го преземат овој чекор од „патриотските причини на премиерот во заминување Мохамед Шиа ал-Судани“.

За потсетување, Израел и САД го нападнаа Иран во раните утрински часови во сабота, 28 февруари, во воената операција „Епски бес“. Во нападите беа убиени врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.

ИЗДВОЕНИ