„Аспергеров синдром“ е, како што се наведува во текстот на списанието „Пипл“ претходно беше посебна медицинска дијагноза, а денес се вбројува во поширокиот спектам на нарушувањето аутизам, кој влијае на начинот на кој луѓето комуницираат, учат и се однесуваат.
Но, Хопкинс не верува во тоа.
„Па, претпоставувам дека сум циничен затоа што сето тоа е бесмислено. Се се тоа глупости. АДХД, ОЦД, Аспергер, бла, бла, бла. Боже, тоа се нарекува живот“, вели Хопкинс.
Актерот додаде дека да се биде човек значи да се биде полн „со сложени“ мрежи, мистерии и сето она што е во нас“.
Со сите мани, лудилото и хаосот, тоа е човечка природа. Сите тие етикети..Кому му е важно? Но, сега тоа е модерно“, тврди Хопкинс.












