Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, истакна дека ја научил лекцијата за ризикот, па во преостанатиот дел од сезоната во Формула 1 ќе внимава многу повеќе, каде грчевито се бори за титулата со тимскиот колега Ландо Норис.
Пјастри останува на чело во генералниот пласман со 25 бода пред Норис и 69 бода пред третопласираниот Макс Верстапен од Ред Бул, кој победи на две трки по ред пред Големата награда на Сингапур, која се вози викендов.
- Не сакаме да имаме викенди како Баку и знаеме дека не можеме да си дозволиме викенди како Баку. Секако имаше некои тешки лекции за учење, но мислам дека како тим видовме неколку можности да се обидеме да се подобриме. Тоа е секогаш важно, изјави Пјастре пред новинарите во Сингапур, а објави „Би-Би-Си“.
Пред трката во Баку, се чинеше дека возачите на Мекларен ќе бидат сами во трката за титулата, но им се придружи и актуелниот шампион Верстапен со две последователни победи.
- Баку беше прилично добар потсетник за тоа колку брзо можат да се променат работите, но и за некои од работите што ме направија мене и тимот успешни. Затоа мислам дека само обидот да се фокусирам на тоа ќе ја реши сликата за шампионатот, рече австралискиот возач.
Тој додаде дека „се потрудил премногу“ во Баку и дека несреќата го отежнала веднаш да го игнорира она што се случило на почетокот. Инаку, тој имаше инцидент во Азербејџан уште во првиот круг.
- Постојат лекции за тоа како можам подобро да се справам со тоа и претпоставувам дека е подобро да се каже дека тоа се лекции за ризик. Не мислам дека има нешто револуционерно што треба да се промени или дека јас ќе се променам. Во 16 од 17 викенди она што го правев функционираше многу добро. Ако се осигурам дека ќе останам фокусиран на работите што поминаа добро, тогаш ќе продолжи да функционира на тој начин, се ќе биде полесно. Ништо револуционерно, само го припишувам тоа на некои грешки, рече Пјастри.
Гран При на Сингапур е во недела во 14 часот.