Како што беше случајот со трката во Реџо Емилија или на патеката Имола, каде што славеше Макс Верстапен, така беше и на легендарната Монца, каде што летечкиот Холанѓанец успеа да ја постигне својата четврта победа сезонава.
Второто место го освои Британецот Ландо Норис, додека трет беше неговиот тимски колега и лидер во генералниот пласман, Оскар Пјастри.
Кон крајот на трката, видовме интересна ситуација на патеката. Имено, Ландо Норис отиде на задолжителна промена на гумите по Пјастри, но поради грешка на механичарите остана во боксот малку подолго. Поради ова, тој се врати на патеката зад Австралијанецот. Набрзо дојдоа наредби од главните луѓе во тимот до Оскар, кој мораше ја промени втората позиција со Ландо Норис, осврнувајќи се на фактот дека Британецот го сторил истото минатата година на Големата награда на Унгарија. На крајот, Пјастри ги послуша наредбите на тимот и му дозволи на својот клупски колега да заврши втор.
По трката, Австралијанецот даде свој коментар во врска со претходно споменатата ситуација на патеката.
- Имаше објективни причини за промена на позициите. Ландо се квалификуваше пред мене, тој беше пред мене во текот на целата трка, па го прифатив предлогот. Но, има некои работи за кои треба да ги разговараме, порача Пјастри.
Што се однесува до генералниот пласман, Австралијанецот го задржа првото место со 324 бода, додека Ландо Норис е втор со 293.
До крајот на сезоната остануваат уште осум трки, а првата е закажана за 21 септември, кога домаќин на трката ќе биде Азербејџан, на патеката во Баку.