
Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец, Виктор Осимен. Искусниот напаѓач, кој е во сопственост на Наполи, но изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Галатасарај, има договор во кој има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 75 мил. евра.