
Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен. Искусниот напаѓач е во сопственост на калчолигашот Наполи, но актуелната сезона ја одработува како позајмен фудбалер во дресот на Галатасарај. Во актуелниот договор на Осимен има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 75 мил. евра.