сабота, февруари 7, 2026
Дома СВЕТ Оштетени три железнички пруги во Италија; Дело на анархисти?

Оштетени три железнички пруги во Италија; Дело на анархисти?

54

Три железнички линии беа оштетени во Италија, што се совпадна со почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, а истражителите не ја исклучуваат можноста дека станува збор за дело на анархисти, слично на инцидентите во Франција во 2024 година пред Олимписките игри во Париз, објавија денес италијанските медиуми.

На линијата Болоња-Падова, пронајдена и отстранета е експлозивна направа на прекинувач, додека на брзата линија на истата делница, електрични кабли беа исечени во шахта, објави Анса.

Третиот инцидент се случи на линијата Болоња-Анкона во Пезаро, каде што се запалија четири електрични кабли.

ИЗДВОЕНИ