недела, јануари 18, 2026
Дома СКОПСКА Оштетени ормани за осветлување, урбана опрема, детски игралишта…

Оштетени ормани за осветлување, урбана опрема, детски игралишта…

54

Од Општина Аеродром информираат дека во изминатиот период, на нивна територија, била забележана зачестена појава на оштетувања на урбаната опрема (детски и спортски игралишта, канти за отпадоци, клупи, летниковци…), орманите за осветлување и светилките на јавните површини.

При тоа, додаваат дека со ваквите вандалски постапки не само што се предизвикуваат финансиски трошоци, кои ги плаќаат жителите, туку, како што велат, што е уште пострашно, се загрозуваат безбедноста на граѓаните и секојдневното нормално функционирање.

Општинските власти апелираат до сите да ја почитуваат јавната инфраструктура и да помогнат во зачувувањето на нејзината уредност и безбедност. Воедно, ги охрабруваат граѓаните да пријават какви било случаи на вандализам и оштетувања до надлежните служби.

– Само со заедничка грижа и посветеност можеме да имаме сигурно опкружување без ризици од несакани повреди и други последици – сметаат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ