вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Оружје и муниција пронајдени при претрес во Арачиново/ВИДЕО

Оружје и муниција пронајдени при претрес во Арачиново/ВИДЕО

117

Ноќеска околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

Пронајденото е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ