Објавен е трејлерот за новата филмска адаптација на познатиот роман на Емили Бронте „Оркански висови“, режиран и потпишан од добитникот на Оскар, Емералд Фенел.
Според првите сцени, станува збор за помодерна и многу пострасна верзија на оваа класична љубовна приказна, а главните улоги ги играат Марго Роби и Џејкоб Елорди.
Трејлерот започнува со класичен приказ на дивата природа на Западен Јоркшир, но набрзо го менува тонот и станува исклучително сензуален.
Следи низа впечатливи сцени кои сугерираат силна физичка врска меѓу главните ликови – од снимки на раце што месат леб, испотени тела, Елорди без кошула во штала, до интимни детали како што е затегнувањето на нејзиниот корсет.
Емералд Фенел, се чини, не сакала да остави ниту најмал момент без изразена страст.
Контролната проекција на филмот за избрана публика ги шокираше гледачите со одредени сцени.
Еден гледач го опиша филмот како „агресивно провокативен и непријатен“ и „стилски перверзен“, со сцени на „клиничка мастурбација“, чин на ропство со употреба на коњски узди и помалку конвенционална романса и емоционална сложеност отколку што би очекувале многу обожаватели на романите на Емили Бронте.
Премиерата на „Оркански висови“ е закажана за 13 февруари 2026 година.