EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

За три недели, колку што вкупно траеше последниот грен – слем турнир САД Опен  заработени се 900 милиони долари што е за 300 милиони повеќе од минатата година. Организаторот смисли нов начин како да се зголемат приходите, а идеите кои ги имплементира се покажаа како полн погодок.

Се почна со тоа што траењето на турнирот е зголемено од две на три недели со тоа што првата недела е инаугурирано натпреварување во мешани двојки, а на него беа пријавени најдобрите светски тенисери. Во тие два дена се продадени околу 40 илјади влезници, а на комплексот продефилираа над 239 илјади посетители.

Приходите од билетите беа астрономски, најевтината чинеше 25 долари, а во големото финале достигна до 25 илјади долари. Секоја ложа се издаваше за 100 илјади долари дневно, па се проценува дека само од таа ставка, организаторот имал приход од 71 милион долари. Интересно е тоа што и наградниот фонд оваа година беше зголемен за 20%, а сепак тенисерите добија само 10% од вкупните приходи, односно 90 милиони долари.

 

ИЗДВОЕНИ