среда, февруари 4, 2026
Дома МАГАЗИН Организаторите на Евросонг се надеваат дека ќе ја донесат Селин Дион во...

Организаторите на Евросонг се надеваат дека ќе ја донесат Селин Дион во Базел

264

Организаторите на Евровизија се надеваат дека ќе ја пречекаат пејачката и поранешна победничка Селин Дион како специјален гостин на финалето во Базел.

Претставник за односи со јавноста потврди дека имало разговори, но ништо не е договорено, најмногу поради тековната битка на славната пејачка со сериозна невролошка состојба, синдром на вкочанета личност.

Канадската ѕвезда (56) со години страда од болни грчеви во мускулите и одлуките за секој потенцијален настап се носат во последен момент.

И покрај болеста, Дион минатата година присуствуваше на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, што беше нејзин прв настап од 2019 година.

Таа во ноември се качи и на сцената во Саудиска Арабија, пренесува Јутарњи.хр. Во 1988 година, Дион победи на натпреварот кога пееше за Швајцарија со песната „Ne Partez Pas Sans Moi“ – победа што и помогна во нејзината музичка кариера.

ИЗДВОЕНИ