Претседателот на Италијанската таеквондо федерација, Анџело Чито, изрази сериозна загриженост и разочараност, нарекувајќи ги условите во кои се одржа настанот „срамни и недозволиви за едно европско спортско натпреварување“.

„Младите ги заслужуваат сите пофалби за покажаната пожртвуваност, но ова што го доживеавме е апсолутно недозволиво. Настапуваа во услови кои не само што не беа достојни за спортисти, туку беа и опасни по нивното здравје. Распаѓање на објекти, хигиенски услови на раб на прифатливото, постојани прекини на натпреварите… И сето тоа при температури блиски до 50 степени, без можност за вентилација поради снемување на струја“, рече Чито.

Тој кажа и дека е незамисливо во современо време да се дозволи ваква негрижа и неорганизираност.

„Не можам да сфатам како ваков срам може да помине без последици. Организаторите имаа задача да овозможат основни услови за спорт, а не да ги изложуваат младите на ризик. Ова е понижување за спортот“, заврши италијанскиот функционер.

Тој упати порака до надлежните од Европскиот олимписки комитет.

„Очекуваме вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Некој мора да преземе одговорност и да гарантира дека на идни настани нема да се соочиме со ваков срам“, заврши Чито.

ИЗДВОЕНИ