„Орешник“ е подготвен – Путин ѝ се закани на Украина дека Русија ќе ги постигне целите со сила

281

Според неговите тврдења, руските сили, лани, окупирале повеќе од 300 населени места и продолжиле да ја потиснуваат украинската армија, вклучувајќи ги и единиците опремени со западна опрема, пренесува РИА „Новости“. Особено го нагласи учеството на војниците од Северна Кореја, кои покажале храброст за време на операциите во курската област и учествувале во големи операции за деминирање. Во обраќањето рекол и дека подобрувањето на стратешките нуклеарни сили е еден од клучните приоритети на Русија и основен елемент на системот за одвраќање

 

Рускиот претседател, Владимир Путин, упати и отворено предупредување до Киев, во своето обраќање на проширената седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија, каде што зборуваше за текот на војната во Украина, зајакнувањето на армијата, развојот на воената индустрија и моменталната геополитичка ситуација. Тој рече дека ако Украина одбие суштински преговори, Русија ќе ги постигне своите цели со сила. Како што посочи, доколку е потребно, Москва, ќе „постигне ослободување на териториите со воени средства“.

Зборувајќи за ситуацијата на фронтот, Путин оцени дека минатата година била важна фаза во реализацијата на целите на специјалната воена операција, како што Русија ја нарекува воената агресија на Украина. Според неговите тврдења, во тој период, руските сили окупирале повеќе од 300 населени места и продолжиле да ја потиснуваат украинската армија, вклучувајќи ги и единиците опремени со западна опрема, пренесува РИА „Новости“. Тој изјави дека позициите окупирани во последните месеци, како и искуството стекнато во битките, ѝ овозможуваат на руската армија да го забрза темпото на офанзивата во, како што рече, стратешки важни насоки, пробивајќи ја длабоко утврдената одбрана на непријателот. Во своето обраќање, особено го нагласил учеството на војниците од Северна Кореја, кои, според него, покажале храброст за време на операциите во курската област и учествувале во големи операции за деминирање.

Во делот од говорот посветен на воено-индустрискиот комплекс, рускиот претседател нагласи дека борбените способности на вооружените сили постојано се подобруваат и дека фабриките за одбранбена индустрија произведуваат сè поголемо количество оружје и опрема. Тој најави продолжување на работата на системите „Буревестник“ и „Посејдон“, нагласувајќи дека тие ќе останат единствени во светот долго време, како и дека ракетниот систем „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината. РИА „Новости“ пренесе и дека рекол дека подобрувањето на стратешките нуклеарни сили е еден од клучните приоритети на Русија и основен елемент на системот за одвраќање.

Зборувајќи за меѓународната ситуација, тој оцени дека е сè уште напната, а во некои региони критична. Тој обвини некои европски лидери за намерно зголемување на тензиите и ширење страв од војна со Русија. Како што рече, „во Европа, луѓето се тераат да се плашат од наводно неизбежниот конфликт со Русија, но тоа е лага и чиста глупост“. Путин вели дека Русија секогаш се обидувала да најде дипломатски решенија, но предупреди дека НАТО континуирано и во голем обем ѝ обезбедува воена помош на Украина. Како позитивен сигнал, тој го наведе напредокот во контактите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, со пораката дека Москва е заинтересирана за рамноправна соработка и со САД и со Европа.

САД планираат нови санкции за Русија ако го отфрли мировниот договор

САД подготвуваат нов пакет санкции против рускиот енергетски сектор за да го зголемат притисокот врз Москва, во случај рускиот претседател Владимир Путин да отфрли мировен договор со Украина, дознава „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите.

Според овие извори, Вашингтон разгледува неколку опции, меѓу кои и санкционирање на бродови од таканаречената руска „флота во сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта – како и трговци вклучени во овие трансакции. Некои од соговорниците на „Блумберг“ велат дека новите мерки би можеле да бидат објавени уште оваа недела.

 

ИЗДВОЕНИ