сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Орце ќе го „го светне“ Кејот на Вардар/ФОТО

Орце ќе го „го светне“ Кејот на Вардар/ФОТО

248

Екипите на јавните претпријатија во Скопје го чистат кејот на реката Вардар, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Се чисти кејот на реката Вардар. Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото. Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ