Орце Ѓорѓиевски го доби уверението за градоначалник, вечерва во 20.30 часот започнува акцијата за чистење на Скопје

624

Орце Ѓорѓиевски, кој победи во вториот круг од локалните избори во недела, денеска го доби увернието за избран градоначалник. Чинот на примањето се изврши во просториите на Градската изборна комисија во Градот Скопје

Претседателката на ГИК Марија Мошев му го честита изборот.

– Ова е и симбол на довербата на граѓаните во Вас но и обврска. Ви посакуваме да показете мудрост и истрајност во исполнувањето на вашата програма, рече таа

Ѓорѓиевски се заблагодари на добивањето на уверението.

-Се спроведоа фер и демократски избори. Очекувам во 15 часот да имаме примопредавањето на функцијата со градоначалничката Данела Арсовска. По тоа, стартуваме со акција на чистење на Скопје во 20.30 часот, најави Ѓорѓиевски.

Акцијата, како што најави тој, ќе стартува од паркингот кај спортската арена „Борис Трајковски“.

-Ќе чистиме се, контејнери, помали канти кои со недели не се испразнети од ѓубре, Градскиот парк каде има куп несобрани гранки, ќе го измиеме Градскиот плоштад…и сето ова да биде трајна активност, рече новиот градоначалник. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ