EPA/HUNGARIAN PM'S GENERAL COMMUNICATION DEPARTMENT HANDOUT HUNGARY OUTHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја ставил Унгарија под „нафтена блокада“ со суспендирање на испораките на руска нафта преку нафтоводот Дружба.
„Унгарија ќе ја пробие таа блокада и ќе ги отфрли барањата на Зеленски“, рече Орбан на антивоен митинг во Естергом, во северна Унгарија. Тој додаде дека неуспехот да се спротивстави на уцената на почетокот „ѝ овозможува на уцената да добие втора или трета шанса, по што ќе биде предоцна“, објавува агенцијата МТИ.
„Унгарија не може да биде уценувана“, предупреди Орбан.
Тој истакна дека за време на инспекцијата во рафинеријата за нафта Сажаломбата, која е изградена за преработка на руска нафта, дознал дека Украина „блефира веќе неколку недели“ и нема намера да ги рестартира испораките преку нафтоводот Дружба. Како што изјави тој, доколку Унгарија не ги зголеми своите стратешки резерви на нафта, цената на бензинот можеше да се зголеми за повеќе од 1.000 форинти (околу 2,7 евра) за литар.

ИЗДВОЕНИ