сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Oрбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија и сака...

Oрбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија и сака да ја вовлечат Унгарија во неа

85
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Западна Европа „отворено се подготвува за војна со Русија“ и оцени дека седниците на Советот на ЕУ сè повеќе наликуваат на „воени совети“.

„Гледам што се случува на седниците на Советот на ЕУ и цврсто ви кажувам дека тие се подготвуваат за војна. Овие состаноци повеќе не се политички дискусии. Во последно време, ова се воени совети каде што земјите кои се многу поголеми од нас – Германија, Франција и така натаму – дискутираат како да ги победат Русите, како да ги натераат да платат репарации, како да ги натераат да ги вратат парите што сега им ги даваме на Украинците. Вистински подготовки за војна се спроведуваат во Западна Европа“, рече Орбан, пренесува Спутник.

Тој изјави дека заканата од вовлекување на Унгарија во војна е „секојдневна опасност“, поради што, како што рече, првите две точки од секој план на унгарската влада за иднината се – да се остане настрана во случај на војна и да не се даваат унгарски пари на Украина.

ИЗДВОЕНИ