Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува

65
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Финансирањето на Украина и испраќањето воена помош таму за продолжување на конфликтот со Русија само ја ослабува Европската Унија, наместо да ја зајакнува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесе „Бета“.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги премостат разликите околу замрзнатите руски средства на самитот на Европската Унија, но се согласија да ѝ обезбедат на Украина голем бескаматен заем за покривање на нејзините воени и економски потреби за следните две години.

„Проблемот денес е што со секоја нова одлука се ослабуваме наместо да се зајакнуваме. Украина не додава сила на Европа, туку само ја одзема. Не треба да ја финансираме украинската армија, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме армиите на земјите што се наоѓаат западно од Украина. Треба да ги зајакнеме армиите на земјите од Европа за Европа“, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегедин, пренесува ТАСС.

ИЗДВОЕНИ