Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Украина не може да ја обврзе Унгарија да го поддржи нејзиното приближување кон Европската Унија, нагласувајќи дека таквиот чекор би бил штетен за неговата земја.
„Ова би ја уништило Унгарија и би ги загрозило животите на нашите деца. Затоа не сакаме да ги примиме и тие немаат право автоматски да станат членка на ЕУ. Тие имаат право да побараат членство, но ние имаме право да прифатиме или да одбиеме“, изјави Орбан во интервју за јавната радиодифузна служба, пренесе МИТ.
Тој додаде дека Унгарија нема намера да „падне на колена“ пред Украина и отворено ја критикуваше поддршката што Западноевропските земји ѝ ја даваат на Киев.
„Свесни сме за нивната тешка ситуација и херојските напори, но не можеме да се придружиме на Западноевропејците кои паѓаат во делириум секогаш кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се појави или проговори. Добар претседател и украинско знаме не значи и морален авторитет“, рече Орбан.
Тој истакна дека Зеленски треба да разбере дека „Унгарија припаѓа на Унгарците“ и дека не може да поставува барања пред унгарската влада.
„Може да дојде, но мора да биде скромен и да ни каже што сака. А ние ќе одлучиме како ќе одговориме“, додаде Орбан.