Унгарија има намера да ја тужи ЕУ поради одлуката на Брисел да го отфрли рускиот гас, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан рече дека Унгарија не прифаќа такво нелегално решение, кое, според него, е спротивно на европските вредности.
Во изјава за унгарското државно радио, унгарскиот премиер рече дека Брисел избрал такво решение за да „ја уништи владата што не се согласува со него“.












