Орбан: Украина бара ресурси за следната деценија што би ја задолжиле Унгарија со децении

30
EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска посочи дека средствата коишто Украина ги бара за наредната декада би можеле да бидат доволни за покривање на сите пензиски исплати во Унгарија во период од 40 години, или пак за сите семејни надоместоци во наредните 60 години.

Во рамки на владина седница, Орбан информира дека министерот за европски прашања, Јанош Бока, презентирал предлог на Брисел за распределба на 800 милијарди долари и за начинот на кој би се финансирала поддршката за Украина.

„Резултатите се многу загрижувачки“, констатираше премиерот.

Орбан цитираше дел од предлогот: „Препораките на Брисел би предвиделе укинување на 13-тата и 14-тата пензија, постепено намалување на семејните субвенции и зголемување на даноците за граѓаните“.

Владата на Унгарија го отфрли споменатиот план и најави дека јавноста ќе биде запознаена со извештајот на Бока.

Според Орбан, унгарските семејства имаат право да бидат информирани за можните финансиски импликации, а во април ќе имаат можност да одлучат помеѓу предложениот модел од Брисел и „патот кон мирот“.

ИЗДВОЕНИ