Орбан: „Трамп ја изеде Урсула за појадок“

61

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД не може да се смета за вистински договор бидејќи, според негова проценка, американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен не биле рамноправни преговарачи.

„Воопшто не е договор. Трамп ја изеде фон дер Лајен за појадок. Она што мислевме дека ќе се случи, се случи, со оглед на тоа што Трамп е тежок преговарач, а госпоѓата претседателка е лесна“, рече Орбан, пренесе Танјуг.

Орбан, исто така, изјави дека договорот меѓу ЕУ и САД е помалку поволен од оној што Вашингтон неодамна го склучи со Лондон, според кој повеќето британски производи извезени во Америка подлежат на царина од 10 проценти.

ИЗДВОЕНИ