Орбан со слоганот на Трамп: „Ја правиме Унгарија повторно голема“

16
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата влада ги исполнува своите ветувања и „ја прави Унгарија повторно голема“.

Во објава на Фејсбук, Орбан изјави дека оваа измината недела била „јака“, истакнувајќи ја изградбата на американскиот заштитен штит, инвестициите од околу 187 милиони евра во Џангош и Чомор, завршеното зголемување на пензиите на средина од годината, одлуката за доделување 14-та месечна пензија, удвојувањето на надоместокот за хранителите и продолжувањето на замрзнувањето на каматните стапки на кредитите.

Орбан во објавата на Фејсбук додаде  дека сето ова е „вистински огномет“, но дека не е изненадување, бидејќи, како што изјави, владата ги исполнува своите ветувања, објави МТИ.

ИЗДВОЕНИ