Орбан: Само една грешка може да ескалира во светска војна – Унгарија поддржува стратешки договор со Украина, но не и нејзино членство во ЕУ

34
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека светската ситуација е таква што „само една грешка може да се претвори во светска војна“ и додаде дека пристапувањето на Украина во Европската Унија не може да се постигне преку „правни трикови“ што ја заобиколуваат Унгарија.

„Ситуацијата е таква што дури и една грешка може да ескалира во светска војна. Не постои рационално пресметан процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и една грешка од помоќен играч може да резултира со што било, дури и со светска војна“, рече Орбан пред неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Зборувајќи со новинарите пред состанокот, Орбан рече дека видел изјави што сугерираат „правни трикови“.

„Досегашните процедури за проширување се спроведуваа на строго регулиран начин, ние мора да се придржуваме до тоа“, додаде Орбан, наведувајќи дека отворањето и затворањето на секоја област бара глас од секоја земја-членка.

Приклучувањето на Украина беше предмет на референдум во Унгарија, а „унгарскиот народ одлучи да не го поддржи“, рече Орбан, нагласувајќи дека Унгарија, „за разлика од многу други“, е демократија во која народот одлучува за важни прашања.

Според Орбан, Унгарија поддржува стратешки договор со Украина, но не и нејзино членство во ЕУ, бидејќи тоа би значело „вовлекување на Европската Унија во војната меѓу Русија и Украина“, додавајќи дека членството на Украина би значело „поголемиот дел од средствата на ЕУ да одат во Украина“.

ИЗДВОЕНИ