Орбан сам против ЕУ: Не ја потпишувам поддршката за Украина, барам самит со Русија

81

Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што не ја потпишала заедничката изјава за поддршка на Украина. Во документот, поддржан од преостанатите 26 членки на ЕУ, се наведува дека Украина мора да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.

Унгарија долго време има затегнати односи и со Украина и со повеќето членки на ЕУ и се смета за најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека членството на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.

Утрово, тој ги наведе причините за непотпишувањето на изјавата: „Оваа изјава се обидува да постави услови за состанок на кој лидерите на ЕУ дури и не се поканети“.

„Доволно е лошо што ЕУ е оставена настрана. Единственото нешто што би било полошо е ако почнеме да даваме инструкции од клупата“, напиша Орбан.

Тој додаде дека, според него, „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија, по моделот на состанокот САД-Русија“.

ИЗДВОЕНИ