Орбан: Русите не можат да ја победат Украина, а не пак да го нападнат НАТО!

845

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека војната во Украина нема да ескалира во глобален конфликт бидејќи Русија е премногу слаба и не гледа вистинска воена закана од Русија за земјите од НАТО.

„Русите се премногу слаби за тоа. Тие не можат да ја поразат ни Украина, а не пак да го нападнат НАТО “, рече Орбан во интервју за францускиот информативен канал LCI, додавајќи дека не се плаши од ширење на конфликтот на светската сцена, но и дека Украина ја губи војната.

Унгарскиот премиер оценува дека прво треба да се постигне прекин на огнот, а потоа да се работи на мировен договор. И тоа не меѓу Украина и Русија, туку меѓу САД и Русија.

„Ниту Европа, ниту Украина нема да можат да постигнат договор со Русија. Затоа што Украина ја губи војната, а и Европа затоа што е премногу вклучена во неа. Потребен е договор меѓу Русите и Американците“, рече унгарскиот премиер. Тој повтори дека Украина не е подготвена да влезе во НАТО или ЕУ бидејќи, според него, тоа не е во интерес на Европската унија, а особено на Унгарија, пренесува РБЦ.

Тој изјави дека има потреба од преговори со Владимир Путин и рече дека со задоволство би го пречекал во Будимпешта.

„Ако Путин сака да дојде во Унгарија, ние ќе го пречекаме со раширени раце“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ