Унгарскиот премиер Виктор Орбан, повтори дека Унгарија нема да испраќа војници, оружје или пари во Украина.

Орбан на платформата X изјави дека Украина сака заеми и повисоки издвојувања на средства, што, како што истакнува, би довело до тоа долгот да го плаќа следната генерација.

„Унгарија нема да ја игра оваа игра“, рече Орбан.

Тој изјави дека Брисел и Киев сакаат влада во Унгарија која ќе се согласи на нивните барања.

„Одбиваме! Нема да испраќаме војници, оружје или пари во Украина“, рече Орбан.

ИЗДВОЕНИ