Унгарскиот претседател Виктор Орбан ја повика јавноста да се чува од банкарски измами и кибер малверзации поврзани со Украина, пренесуа унгарските медиуми.
Тој во видео објавено на Фејсбук, наведе дека неговата влада се подготвува за утрешниот состанок на кој ќе бидат разгледани екомонски прашња, а посебно порастот на бројот украински кибер банкарски измами, пренесе агенцијата МТИ.
„Еден погрешен клик и отиде семејната заштеда“, рече унгарскиот премиер, истакнувајќи дека поради такви измами унгарските семејста губат осум милијарди форинти, што е еквивалентно на 19,8 милиони евра, годишно.
Орбан укажа дека властите неодамна разбиле една мрежа поврзана со украински организиран криминал која имала 19 члена, додавајќи дека верува дека истражителите ќе мораат да ги зајакнат таквите акции.
Тој порача дека унгарската влада утре ќе одлучи за нови начини за борба против банкарските измами на украинските криминални организации.