Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Будимпешта не ѝ се потребни рецепти од Брисел, додавајќи дека тоа е патот кон сигурен неуспех, додека, како што истакна, националниот пат е гаранција за унгарската безбедност.
Според него, планот за јакнење и обнова на нацијата во претстојните десет години е на маса, а во меѓувреме, Унгарија ќе ги штити своите граници, отворено залагајќи се за земја без мигранти.