Орбан: На Будимпешта не ѝ се потребни рецепти од Брисел

157
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Будимпешта не ѝ се потребни рецепти од Брисел, додавајќи дека тоа е патот кон сигурен неуспех, додека, како што истакна, националниот пат е гаранција за унгарската безбедност.

 

Орбан додаде дека Унгарија го отпочна најголемото намалување на даноците во Европа, како и најатрактивните програми за соновање дом и семејство.

 

Според него, планот за јакнење и обнова на нацијата во претстојните десет години е на маса, а во меѓувреме, Унгарија ќе ги штити своите граници, отворено залагајќи се за земја без мигранти.

ИЗДВОЕНИ