Орбан ќе побара од Трамп изземање од санкциите на САД кон Русија

18
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека има намера да го убеди американскиот лидер во потребата од бројни исклучоци од американските санкции воведени врз рускиот енергетски сектор за време на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Орбан изјави дека ќе настојува да му образложи на американскиот државник дека на Унгарија ѝ се потребни овие отстапки за да ја зачува сопствената енергетска стабилност.

„Унгарија е држава која нема излез на море, нема непосредна морска врска, па затоа е принудена да зависи од нафтоводи и гасоводи“, потсети Орбан, дополнувајќи дека американските власти треба да бидат свесни за овие потешкотии.

„Мораме да го поткрепиме ова со докази доколку сакаме да добиеме ослободувања од санкциите на САД воведени кон Русија“, изјави Орбан во радио емисијата Кошут, одговарајќи на прашање за неговата претстојна средба со Трамп во Белата куќа.

На 22 октомври, Министерството за финансии на САД ги додаде руските нафтени компании Роснефт, Лукоил и нивните 34 филијали во нов сет на антируски мерки, кои ќе стапат во полна сила на 21 ноември

ИЗДВОЕНИ